СДСМ го објави кандидатот за Градоначалник на Виница, од ВМРО ДПМНЕ веднаш го обвинија дека лажно се декларирал како Турчин за работно место

Од СДСМ го објавија кандидатот за Градоначалник на Општина Виница за престојните локални избори кои ќе се одржат втората половина на октомври. Станува збор за актуелниот претседател на ОО СДСМ Виница и член на Советот на Општина Виница, Гоце Милевски. Гоце Милевски беше и носител на листата на советници на СДСМ на локалните избори пред 4 години кога убедливо ги загуби изборите. Од ОК ВМРО ДПМНЕ Виница веднаш го обвинија Гоце Милевски за непотизам додека бил секретар на ОО СДСМ Виница, како и дека за да стане раководител на Фондот за здравство подрачно одделение Виница лажно се декларирал како Турчин.