Општина Виница започна со уредување на кејот на Градечка река

0

Општина Виница започна со реализација на уште еден проект кој се имплементира преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија и истиот е финасиран од Европската Унија. Проектот се реализира во партнерство со збратимената општина од Р. Бугарија, Општина Банско. Во Општина Виница со проектот се планира да се уреди просторот помеѓу Градечка река и ул. ,Кеј 30 Август“ со изградба на пешачка патека, да се уреди и опреми со урбана опрема: клупи за седење, корпи за отпадоци, да се предвиди дел со зеленило, ниско и високо зеленило и да се постави парково осветлување со канделабри на сончева енергија. На постојната локација, се предвидува да се отстранат оние дрвја и стебла кои се веќе дотрајани или оштетени од невреме или други причини и да се засадат нови. Сите стебла кои се во добра вегетативна состојба и не се на трасата на патеката се задржуваат и се вклопуват во новиот амбиент. Предвидено е да се изврши замена на дотраените рабници помеѓу коловозот и тротоартот со нови и да се постави систем за наводнување на зелениот појас и дрвјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *