Нов лик доби дворот на детската градинка „Гоце Делчев“ во Виница

Поинаков лик доби дворот на новата детска градинка со нова, модерна и безбедна ограда со должина од 270 метри околу целата установа. Старата и дотраена ограда е заменета со ограда од квалитетни и безбедни материјали во шарени бои, која го разубави лицето на детската градинка. Финансиските средства за овој зафат се обезбедени од сопствени средства на детската градинка.