Изградба на водоводна мрежа во с.Блатец

Општина Виница започна изградба на дел од водоводна мрежа во село Блатец. Вкупната должина на водоводната линија која ќе се изгради е околу 400 метри, со која ќе бидат опфатени неколку куќи. Финансиските средства за овој проект општината ги има обезбедено од сопствениот буџет.