Покрај фаворитот Митко Костадиновски од ВМРО ДПМНЕ уште тројца кандидати за градоначалник на Виница

Општинската изборна комисија ги прифати кандидатурите на четири кандидати за градоначалник на Општина Виница на претсојните локални избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Митко Костадиновски од ВМРО ДПМНЕ, Гоце Милевски од СДСМ, Билјана Илиевска од Единствена Македонија и Ване Цеков како независен кандидат ќе трчаат за градоначалничкото место во Виница.