Можен ли е бојкот на маркетите во Македонија по примерот во Хрватска

„Стоп за високите цени на храната по маркетите, стоп за огромниот профит на поединци врз грбот на народот“. Преку социјалните мрежи во Македонија во последните два дена се шират овие и слични пораки и повик за бојкот на маркетите низ земјава овој петок, а поради високите цени на храната. Според повикот граѓаните покрај маркетите треба да ги бојкотираат и бензинските пумпи, кафулињата и рестораните. Колку овој потег доколку биде успешен ќе ги замисли несовесните трговци и ќе започнат конечно да бидат општествено одговорни, останува да се види. Ваквиот повик доаѓа по успешната масовна акција на бојкот во Хрватска на 24 јануари. Уште еден бојкот на маркетите во Хрватска е најавен и за овој петок. Ист ваков повик за бојкот во петок се шири и во Босна и Херцеговина и во Црна Гора.