Приведен жител на с. Јакимово, спречувал други 2 лица да се појават на суд

0

На 28.01.2025 година во 13.45 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода П.Т.(32 години) од с.Јакимово, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“ по член 368 – а став 1 од Кривичниот законик. Околу 08.30 часот во селото, тој со две возила го блокирал возилото на сопружниците П.Т. и М.Л. од с. Јакимово и на тој начин ги оневозможил да присуствуваат на судско рочиште во кое требало да сведочат против него. Според пријавеното тој им упатувал и закани да не се појавуваат на суд. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *