Уште две нови засилувања за Слога

Слога продолжува да го засилува тимот во пресрет на продолжението на вториот дел од сезоната од Третата Македонска лига. Филип Петковски 34-годишниот напаѓач со богато прволигашко искуство дојде од редовите на Еуромилк од Горно Лисиче и Јован Стојанов млад и талентиран голман кој во Слога дојде од второлигашот Вардар од Неготино. Двајцата играчи се приклучија на тимот на подготовките во Дојран каде Слога ќе одигра и 2 пријателски натпревари против второлигашите Кожуф од Гевгелија и Вардар од Неготино. Зимскиот преоден рок Слога се засили со голманот Антонио Столевски од Победа, Тони Мирчевски, Иван Настевски и Дарко Стојанов од Детонит Плачковица, Филип Николовски од Саса, Љупче Христовски од Беласица, Виктор Крстевски од Гостивар и Петар Љамчевски од австриски Мауерверк.
