ООУ „Славчо Стојменски“ започнува со спроведување на постапка за распределба на термини за користење на спортската сала во училиштето

0

Основното општинско училиште „Славчо Стојменски“ објави јавен повик за учество во јавно наддавање за распределба на термини за користење на Спортската сала во училиштето. На повикот може да се пријават сите спортски клубови во Виница кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари, како и здруженија на граѓани и рекреативци. Пријавата се поднесува до 31.01.25 година до 11 часот и истата се доставува до Комисија за јавно наддавање во училиштето. Јавното наддавање ќе се одржи на ден 31.01.2025 година во салата за состаноци во училиштето со почеток во 12 часот. Документи кои се поднесуваат се : Пријава за учество, Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци, Изјава за прифаќање на условите по овој повик и Доказ уплатница за уплатен депозит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *