Општина Виница добива дополнителни 120 милиони денари од Владата на РМ

Денес помина на Влада, а следната недела преку Министерството за локална самоуправа ќе биде објавен повик за капитални инвестиции во општините кои ќе бидат финансирани од Владата на Република Македонија. Средствата кои Општина Виница ќе ги добие се во износ од 120 милиони денари, а за кои проекти од општината ќе биде аплицирано останува да видиме. Минатата година Општина Виница од првиот повик доби 40 милиони денари за два проекти Дорегулацијата на Градечка река и Дорегулација и партерно уредување на Виничка река, проекти за кои во тек е тендерската постапка.