Трамп ги замрзна парите за невладини организации во Македонија. За 5 години им било исплатено 290 милиони долари

Веднаш по инаугурација на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за суспендирање на американската помош за развој во странство на 90 дена. Со тоа ги замрзна средствата кои американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ги исплаќа во многу земји во светот, меѓу кои се и земјите од Западен Балкан. Ричард Гренел, пратеникот на американскиот претседател за специјални мисии, на платвормата X објави дека „милијарди долари се дадени на левичарски невладини организации“ за спроведување на политиките во други земји. Меѓу кои е и Македонија во која за периодот од 2020 до 2024 година главно на невладини организации им било исплатено неверојатни 290 милиони долари.