Успешно организирана 43-та Лозаро-овоштарска вечер во Виница

Сабота вечер во Хотел „Центробизнис“ Виница по 43 пат успешно се одржа Лозаро-овоштарската вечер во присуство на голем број лозари и овоштари од Виничко. Присутните ги забавуваа македонските естрадни уметници Сузана Гавазаова и Благоја Грујовски со бендот на Јане Рафаиловски Претходно на 05.02.2025 година во Ресторан „Кај Аце“ се дегустираа мостри од вина и ракии од страна на стручни лица кои го тестираа мирисот, вкусот, бојата и други карактеристики и притоа го избраа најдоброто бело и црвено вино, како и лозова и сливова ракија.