5 златни 2 сребрени и 3 бронзени медали за кикбоксерите на КК Лидер од Виница

Виничките кикбоксери на државното првенство во кикбокс за кадети, јуниори и сениори, освоија 10 медали од кои 5 златни 2 сребрени и 3 бронзени. На државното првенство кое се одржа во неделата во салата Јане Сандански, во организација на Македонската кикбокс МАИТАИ федерација, најубедлив беше Лука Змејковски во категоријата помлади јуниори до 81 килограм и заслужено го освои златниот медал. Змејковски е шампион на Македонија 7-ми пат по ред и еден од најдобрите кикбоксери во државата, а доказ за тоа е и сребрениот медал од минатата година на светското првенство во кикбокс во категоријата лоу-кик помлади пионери.
