За прв пат формиран Бадминтон клуб во Виница

Вчера се одржа првиот час по спортската дисциплина Бадминтон од новоформираниот спортски клуб во Виница, Бадминтон клубот Виничини. Како што јавуваат од Бадминтон клубот тренинзите ќе се одржуваат секој вторник и четврток од 16:30 до 18:30 часот за деца од 8 години па нагоре во женска и машка категорија. Часовите и тренинзите се одржуваат во спортската сала на основното училиште „Славчо Стојменски“.