Во најава формирање на комунална полиција и отповикување на градоначалник на референдум како новини во најавените измени во законот за локална самоуправа

Во тек се подготовки за измена на законот за локална самоуправа во кој се предвидени две значителни измени во функционирањето и практикувањењто на власт во локалните самоуправи. Едната е можност на референдум, но не пократко од 6 месеци до истекувањето на мандатот, да се отповика градоначалникот. А втората измена се однесува на воведување на комунална полиција, се со цел да се превенираат девијантните појави со уништување на урбана опрема низ општините. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински најави дека измените ќе бидат готови до крајот на месец март, а очекува истите во Собранието да се изгласаат најдоцна до летото.