Лука Змејковски златен, Нина Колева бронзена на Европскиот куп во Бугарија

Кикбоксерите на клубот „Лидер“ продолжуваат со успесите на меѓународен план. Овој пат со медали се закитија на Европскиот куп кој се одржа во Пловдив, Бугарија. Државниот првак на Македонија, Лука Змејковски уште еднаш покажа зошто е најдобр кикбоксер во неговата категорија во светски рамки откако го освои првото место совладувајќи кикбоксер од Молдавија во финалето на вчерашната програма од овој настан. Нина Колева откако претходно беше поразена во полуфиналето, сепак вчера се избори за медал со победа во борбата за третото место.