Градежен бум се очекува оваа година во Општина Виница. Ова се сите проекти за кои ќе аплицира општината до Владата на РМ

0

Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков на социјалните мрежи ги објави сите инфраструктурни проекти со кои ќе аплицира општината да ресорните министерства за парите од унгарскиот кредит. 120 милиони денари се предвидени за Општина Виница за 16 капитални проекти кои ги најави Градоначалникот, од кои за 6 веќе е поднесена апликацијата и тоа се: ново, модерно и сензорно осветлување на просторот во градскиот парк и пред градскиот стадион, реконструкција на кровот на административната зграда на Општина Виница и поставување систем за ладење и греење во „Сината Сала“, реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на ул. „Ванчо Прке“ во Виница, реконструкција на улица „Ванчо Прке“ во Виница, довршување на локалниот општински пат Блатец-Детлово во должина од 2,5 километри и регулација на Кајанечки дол во с.Истибања. За 10 проекти се работи на подготовка на проектната документација, тоа се: целосна реконструкција на сите детски игралишта во Виница, партерно и хортикултурно уредување на просторот околу новиот градски пазар, реконструкција на улиците „Пролетерска“, „Плачковачки одреди“, „Ѓорче Петров“, „Кочо Рацин“, „Раде Кратовче“, „Гоце Делчев“, „Собраниска“, и „Н.Н. Борче“ во Виница, изградба на 2 улици во с.Јакимово, реконструкција на главната улица во с.Градец, изградба на улица во с.Блатец, изградба на спортско игралиште во с.Трсино, изградба на спортско игралиште во с.Градец, реконструкција на кровот на основното училиштето „Никола Парапунов“ во с.Драгобраште и реконструкција на водоводна мрежа во с.Блатец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *