ФК Слога 1934 vs Брегалница Делчево & Светлост Зрновци 8:0

Во неделата Слога 1934 ги одигрга и последните пријателски натпревари пред почетокот на вториот дел од сезоната во третата македонска лига. На градскиот стадион во Виница Слога 1934 одигра 2 контролни натпревари со третолигашите Брегалница од Делчево и Светлост од Зрновци. Дватта натпревари Слога 1934 убедливо ги доби без примен гол. Првиот натпревар против Брегалница заврши 3:0 за домашната екипа, стрелци на головите беа Настевски, Ристов и Николовски. Во вториот натпревар беше декласиран Свелост од Зрновци со убедливи 5:0, на овој натпревар во листата на стрелци се запишаа повторно Ристов и Настевски, како и Христовски, Воинов и Горгиев.