Приведен 26 годишен виничанец, осомничен за дилање на марихуана

0

Во саботата полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода Н.И.(26) од Виница. Причината за приведувањето на младиот виничанец е тоа што се сомничи за дилање на марихуана. По претходна дадена судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во кој биле пронајдени и одземени марихуана, пари и мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок од полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *