Локализиран пожар во атарот на село Блатец

0

Од Доброволното против пожарно друштво-Виница вчера информираа дека од страна на ТППЕ Виница и со нивна асистенција успешно е локализиран и изгаснат пожар во атарот на с.Блатец. Пожарот зафатил нискостеблеста шума и треви, како и лозови насади на потегот од двете страни на Блатечките брани. Од ДПД апелираат до сите граѓани за внимателно движење низ природата и извршување на земјоделските работи во овој период, бидејќи сеуште немаме зелена вегетација и можноста за појава на пожари е поголема.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *