Повик до сите млади до 25 години да се пријават! Објавен оглас за 300 професионални војници во АРМ

0

Денеска е објавен оглас за нови 300 професионални војници во Армијата на Република Македонија објави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Кандидатите треба да бидат државјани на Македонија со добра здравствена и физичка способност. Посебните услови вклучуваат завршено средно образование и возраст до 25 години на денот на завршување на огласот, кој трае 15 дена од објавувањето. Минималната висина на кандидатите е 160 см, а максималната 200 см, додека телесната тежина треба да биде во рамки на 20-30% од идеалната тежина според утврдените критериуми. Професионалните војници ќе работат од 8:00 до 16:00 часот, со почетна плата од 30.552 денари, дополнета со надоместок за станбено обезбедување од над 12.000 денари. По приемот, кандидатите ќе поминат тримесечна основна војничка обука, по што следи четиригодишен договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *