Општина Виница подготвува документацијата за уште многу капитални проекти во вредност од 4 милиони евра, кои ќе бидат аплицирани до Владата во наредните две години

0

➡️ Денес поднесовме дополнителни 10 апликации за инфраструктурни проекти на вториот владин повик за поддршка на општините. Целосно е подготвена и доставена документацијата за следниве проекти:

✅ ️Целосна реконструкција на сите детски игралишта во Виница

✅️ Партерно и хортикултурно уредување на просторот околу новиот градски пазар

✅ ️Реконструкција на улица „Пролетерска“ во Виница

✅ ️Реконструкција на улица „Раде Кратовче“ во Виница

✅ ️Реконструкција на улица „Кочо Рацин“ во Виница

✅ ️Реконструкција на улица „Ѓорче Петров“ во Виница

✅ ️Изградба на “Улица 4” во с.Јакимово

✅️ Реконструкција на главната улица во с.Градец

✅️ Изградба на улица во с.Блатец

✅️ Реконструкција на кровот на основното училиштето „Никола Парапунов“ во с.Драгобраште

🔙 Претходно веќе аплициравме и за следниве 6 проекти:

✅ Ново, модерно и сензорно осветлување на просторот во градскиот парк и пред градскиот стадион

✅ Реконструкција на кровот на административната зграда на Општина Виница и поставување систем за ладење и греење во „Сината Сала“

✅ Реконструкција на водоводната и канализационата мрежа на ул. „Ванчо Прке“ во Виница

✅ Реконструкција на улица „Ванчо Прке“ во Виница

✅ Довршување на локалниот општински пат Блатец-Детлово во должина од 2,5 километри

✅ Регулација на Кајанечки дол во с.Истибања

👉 Дополнително, во подготовка е документацијата за уште многу капитални проекти во вредност од 4 милиони евра, кои ќе бидат аплицирани во наредните две години и ќе бидат од големо значење за граѓаните и развојот на Општина Виница.

🤝 Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Христијан Мицкоски за огромната поддршка за локалните самоуправи во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *