ФК Слога 1934 vs Карбинци 7:1

Eкипата на Слога 1934 во неделата го одигра последниот натпревар од Третата Македонска фудбалска лига-Исток на домашен терен. Овој пат противник беше екипата на Карбинци, која од Градскиот стадион во Виница си замина со 7 голови во својата мрежа. Стрелци на головите во убедливата победа од 7:1 за Слога беа Филип Петковски со 4 погодоци, додека по еден гол постигнаа Љупче Христовски и Иван Настевски и еден автогол на фудбалерите на Карбинци. На овој натпревар на фудбалерите на Слога и беше врачен и пехарот за освоеното прво место во лигата.
