Донесен нов Детален урбанистички план во Виница, наскоро општината ќе продава градежни парцели за станбено домување

На последната седница седница на Советот на Општина Виница, советниците донесоа Детален урбанистички план за Блок 8 дел 1 и 2 со плански опфат помеѓу улиците „Илинденска“, „Браќа Миладинови“, „Димитар Влахов“, новопланирана ул. 2005, улиците „Кочо Рацин“, „Пролетерска“, дел од „Плачковички одреди“ и новопланирана ул.2005. Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 15,85 хектари. Во истиот се предвидени и 3 атрактивни градежни парцели за станбено домување кои што се во државна сопственост и се очекува наскоро општината да започне со реализација на нивно отуѓување.