Слога ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Третата Македонска лига

Од 15 јануари Слога ги започна подготовките за преостанатиот дел од сезоната 2024/25 во Третата Македонска лига. Во текот на подготовките договорени се 5 пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за се поизвесниот бараж за Втора лига. Првиот контролен натпревар е закажан за 25 јануари против второлигашот Саса од Македонска Каменица кој ќе се одигра на градскиот стадион во Виница. 2 контролни натпревари се закажани на неутрален терен во Дојран против екипите на Кожуф и Вардар од Неготино. За 8 февруари е закажан тест со уште еден воторолигаш, Осогово од Кочани кој ќе се одигра во Виница, додека пак на 15 февруари Слога1934 Виница ќе се тестира со есенскиот шампион во Трета лига Запад, екипата на Тетекс во Тетово.
