Спортски асови за 2024 година

0

Општина Виница оваа година ќе ја реализира манифестацијата „Спортски асови за 2024 година“.
Врз основа на Програмата за култура и спорт на Општина Виница за 2025 година, Општина Виница објавува Јавен повик за предлагање на кандидати за избор на:
• најдобар спортист,
• најдобра спортска екипа,
• најдобар млад надежен спортист,
• најдобар спортски тренер и
• најдобар спортски работник за 2024 година.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, спортски работници и екипи, од клубови со дејност спорт, кои се регистрирани во Општина Виница. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари), и фотокопија од клубската легитимација.
Рокот за пријавување е до 05 февруари 2025 година, а документите се доставуваат до Одделението за општи и јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Виница.
Телефони за контакт: 074/248-033.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *