Како Македонија во последното коло може до историско четврт финале

0

На светското ракометно првенство во ракомет Македонија бележи добри резултати и со скор од 2 победи 2 нерешени и 1 пораз е сеуште математички во игра за четврт финале. За да се случи тоа потребни се 3 големи изненадувања на светското првенство во посленото коло во втората група од главната фаза. Најпрво треба ние да си ја завршиме работата и да ја совладаме фаворизираната репрезентација на Франција која досега е убедлива на првенството со 5 победи од исто толку натпревари. Потоа треба да ни помогне и репрезентацијата на Катар која исто така треба да направи големо изненадување и да одигра нерешено или да ја совлада Унгарија. И за крај Австрија да одигра нерешено или да ја победи репрезентацијата на Холандија, од која до сега го имаме единствениот пораз на првенството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *