Бог се јави!
Навистина се јави!

Градоначалникот на Општина Виница во негово име и во име на Опшина Виница, на сите православни христијани им го честита големиот христијански празник Богојавление- Водици!
Славејќи го Христовото крштевање ја славиме верата и животот во вера.Со осветување на водите ја укажуваме вековната традиција на зацврстување на верата, но и на меѓусебното почитување и разбирање, толеранција и единство.
Светиот Крст да донесе здравје, среќа, љубов, мир и благосостојба во сите домови!
Нека е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!
Најсреќни меѓу најхрабрите оваа година се:
– Ангел Ангелов,Виница,
– Александар Петров, с.Драгбраште,
– Даниел Јованов, с.Истибања,
– Бобан Атанасов, с.Јакимово,
– Виктор Анастасов, с.Блатец,
– Андреј Гоцевски, с.Лески,
– Давид Захариев, с.Трсино,
– Столе Илиевски, с.Градец,
– Јовица Трајчев, с.Пекљани,
– Ѓеро Насев, с.Липец.
Им посакувам пред се многу здравје, среќа, благосостојба и успеси!

Бог се јави!
Навистина се јави!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *