43-та Лозаро-овоштарска вечер во Виница

На 08.02.2025 година во Хотел „Центробизнис“ Виница традиционално по 42 пат ќе се одржи Лозаро-овоштарска вечер на која се очекува присуство на голем број лозари и овоштари од Виничко. Виничани ја негуваат оваа традиција речиси половина век и секоја година со нетрпение ја очекуваат незаборавната дружба која ја носи оваа вечер.
Претходно на 05.02.2025 година во Ресторан „Кај Аце“ е закажана дегустација на вино и ракија од страна на стручни лица кои ќе ги тестираа мирисот, вкусот, бојата и други карактеристики кои ја дефинираат самата мостра, а производителите се натпреваруваат за најдобро бело и црвено вино, како и за лозова и сливова ракија.