250 милиони евра од унгарскиот кредит на располагање на стопанството за инвестиции и равој на домашни компании

0

Владата на Република Македонија денеска донесе одлука со која 250 милиони евра, историски досега најголема сума којашто директно се става на располагање на стопанството и преставува прва одлука со ваков износ кој до сега државата го обезбедува за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие можат да ги користат овие пари по најповолни услови. Комерцијалните банките ќе ги одобруваат кредитите на крајни корисници кои задолжително учествуваат со минимум 20% од вредноста на инвестицијата. Каматна стапка на годишно ниво е само 1,95% без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата. Максималниот рок на отплата е до 15 години со вклучен грејс период до 3 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *