Две победи на Слога против второлигашки екипи на подготовките во Дoјран

Екипата на Слога одигра 2 контролни натпревари на подготовките кои ги работат во Дојран. Првиот напревар заврши со резултат 1:0 корист на виничкиот третолигаш против Кожув од Гевгелија со погодокот на Христовски. Вториот натпревар против екипата на Вардар од Неготино Слога го доби со 3:1, на кој стрелци беа Амедов и на 2 пати стрелаше Николовски. Претходно Слога во Виница одигра уште еден натпревар со второлигашка екипа, со тимот на Саса од Македонска Каменица, натпревар на кој мрежите мируваа на двете страни.