Сообраќајна несреќа на патот Виница-Берово

На 02.02.2025 година вечерните часови се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат Виница – Берово, во близина на место викано „Пекланска крстосница“, помеѓу патничко возило „Сеат алтеа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(49) од с.Црник, пехчевско и патничко возило „Сузуки гранд витара“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.А.(53) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.А. од Виница, а со телесни повреди се здобиле возачот С.Р. и неговите сопатници Ќ.У.(23), Ј.Г.(45) и двајца малолетници, сите од с. Црник, пехчевско.