Општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево не можат да се договорат со Општина Кочани за цената за одлагање на отпадот на депонијата во с.Бели

0

После неколку неделните протести на жителите на Кочани минатата година пред депонијата во с.Бели и застојот во собирањето на комуналниот отпад во општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, конечно овие 3 општини заедно со Општина Кочани потпишаа Меморандум за соработка. Од овој меморандум за соработка требаше да произлезе и договор со кој ќе се утврди надоместок кој би го плаќале трите општини на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Кочани за одржување на депонијата, а во зависност од количината на отпад кој ќе го одлагаат. До потпишување на договор општините сеуште немаат дојдено од причини што не можат да се договорат која да биде цената по метар кубен за исфрлање на отпадот. Поради ова, оваа недела четирите општини имаат закажано состанок во Министерство за животна средина, на кој меѓу другото ќе го договораат и надоместокот за одлагање на отпадот, кој ќе биде прифатлив за сите општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *