Конечно постигнат договор помеѓу општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево за превземање на отпадот на депонијата во с.Бели

Денес градоначалниците на четирите соседни општини Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа Договор со кој ги утврдија правата и обрврските произлезени од истиот, а во врска депонирањето на комуналниот отпад од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево на градската депонија во Кочани во близина на селото Бели. Според договорот општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево ќе плаќаат по 220 денари за метар кубен отпад на депонијата, кој ќе се утврдува на дневна основа според носивоста на комуналните возила. Овие средства трите општини кои ќе ги плаќаат на Општина Кочани ќе бидат наменети единствено за одржување и санирање на градската депонија во Кочани.