Македонија 17-та земја во Европа по безбедност за прошетки навечер. Дали Виница е безбеден град?

Порталот за статистика „World of Statistics“ ја објави листата на земји во Европа во врска со безбедноста на нивните граѓани за време на ноќни прошетки. На првото место како најбезбедна земја во Европа се најде Хрватска, на второ место е Словенија, на трето Исланд, на четврто Грузија, а на петто Швајцарија. Шестото место е за Чешка, седмото Данска, а осмото Естонија. Македонија се најде на 17-то место од вкупно 41 земја што ја вбројува во релативно безбедните земји за ноќни прошетки и пешачење. Колку Виница е безбеден град оставаме вие да донесете заклучок, ние сметаме дека сме еден од најбезбедните градови во Македонија.