Слога одигра меѓународен пријателски натпревар

Како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во третата македонска лига, екипата на Слога одигра меѓународен пријателски натпревар во Република Бугарија со третолигашот од истата земја, екипата на ПФК Банско. Овој натпревар одлично го започнаа фудбалерите на Слога, кои со голот на Николовски заминаа со водство на полувреме, за на крај натпреварот да заврши со резултат 2 спрема 1 во корист на домашниот тим. Ова е прв пораз за екипата на Слога во подготвителниот дел, откако забележаа 2 победи и 1 реми со три второлигашки екипи од Македонија, екипите на Кожув, Вардар од Неготино и Саса од Македонска Каменица.