Денес е Свети Трифун кој наголемо се слави во Општина Виница

Денес се празнува Свети маченик Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите. Момчето што на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата се стекна со голема слава и настрада на 21-годишна возраст. Подоцна за свој покровител го зеле градинарите и лозарите. Овој празник кој во нашата вера е синоним за младост и доследност кон христијанските традиции, се прославува со закројување на лозјето. Во Општина Виница речиси на сите лозови насади, најпрво како што е обичајот се закројува лозјето потоа продолжува дружбата и така се одбележува овој празник.