Новиот директор на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов оствари работна посета на Општина Виница

На 14.02.2025 година директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов оствари работна средба со Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков во просториите на општината. Во рамки на средбата се разговарало за плановите и активности на Агенцијата за иселеништво, а се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија, унапредување на нивниот културен развој, како и создавање услови за враќање на иселениците во Македонија и нивно вклучување во економскиот и јавниот живот. На средбата директорот Горан Ангелов ги информирал локалните власти во Виница дека веќе работат на подготовки за реализирање на неколку проекти, како што се овозможување на услови за посета на настава на македонски јазик во училишта каде има поголем број на наши иселеници, формирање на канцеларии во градовите каде иселеништвото е на повисок степен и овозможување на поголеми бенефиции за враќање на иселеници. Виница е прв град кој е на агендата на Горан Ангелов од посетите кои планира да ги направи на градовите со најголема емиграција во Република Македонија.