Во недела Блатец ќе биде домаќин на меѓународниот настан, трката „Чупино Винтер Вертикал“

Чупино вертикал е трка во дисциплината вертикален километар во која натпреварувачите, тркачи, планинари и алпинисти искачуваат околу 1 км висинска разлика во должина од максимум 5 километри. Стартот е од центарот на с. Блатец во 10.00 часот, а финишот на врвот Чупино без временско ограничување. Од организационииот одбор на нивната официјална фб страна ја објавија и целокупната програма за овој настан: 08:00 – 09:45 Отворање на настанот, пристигнување на сите учесници, подигнување на стартни пакети 10:00 Старт на трката 12:00 – 14:00 Пристигнување назад во Блатец 11:45 Настап на Марина и Софија 12:30 Концерт на The Hounds 13:30 Прогласување на победниците и доделување на награди 15:00 Затворање на настанот