Слога 1934-Малеш 8:0 за +10 на првенствената табела!

0

Екипата на Слога 1934 во неделата пред домашната публика го декласираше беровскиот третолигаш Малеш со неверојатни 8:0 со што ја забележа најубедливата победа во досегашниот дел од првенството. Дебаклот на беровчани беше најавен уште во првото полувреме кое Слога го доби со 5:0 за во второто полувреме Слога 1934 постигне уште 3 гола. Играч на натпреварот секако беше Филип Петковски со постигнати 4 голови, а во листата на стрелците уште се запишаа и Николовски, Илиев, Амедов и Воинов. Со оваа победа Слога отиде на +10 од второ и трето пласираните Овче Поле од Свети Николе и Брегалница од Делчево, што претставува огромен капитал до крајот на сезната за одржување на првата позиција, а со тоа и обезбедување на бараж за втора лига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *