Вечерва „Стендап шоу“ во Кино салата во Виница

Во организација на Дом на култура „Тошо Арсов“ Виница за љубителите на стендап комедијата вечерва ќе се одржи „Стендап шоу“. Стендап настапот насловен „Лошо Куче“ на Никола Тодоровски ќе се одржи во реновираната Кино сала со почеток од 20:00 часот. Влезниците за овој настан се по цена од 200 денари.