Приведен дилер на марихуана од село Јакимово

0

На 24.03.2025 во 18:40 часот од страна на полициски службеници е лишен од слобода Д.Ѓ. (28 години) од с. Јакимово. При претрес врз Д.Ѓ., кој бил со возило голф со винички регистерски ознаки на ул.„Браќа Миладинови“ во Виница, пронајдени се зелена растителна материја, метална дробилка, хартија за рачна изработка на цигари. Потоа, по наредба на Основен суд Виница извршен е претрес во домот и просториите што ги користи Д.Ѓ. во с.Јакимово. При претресот пронајдена е зелена растителна материја, дробилка, три стаклени тегли со остатоци од зелена растителна материја и воздушна пушка. По документирање на случајот од полицијата јавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *