Пролетната градежна офанзива во Општина Виница започнува од село Пекљани

Како што информираа од ФБ профилот на Градоначалникот на Општиина Виница, Миле Петков денес започнаа со изведба на земјените работи за изградба на нова улица во с.Пекљани. Покрај изградбата и асфалтирањето на новата улица, целосно ќе биде реконструиран и рехабилитиран центарот во ова село. По завршување на инфраструктурните активности во с.Пекњани ќе продолжат со асфалтирање на улици во с.Крушево, с.Блатец, с.Липец, с.Градец и влезот во село Лески, како и рехабилитирање и реконструкција на неколку улици и ударни дупки во Виница. Финансиските средства за целосно реализирање на овој проект се обезбедени од Буџетот на Општина Виница.