Општина Виница започна со регулација на коритото на Градечка Река

Од официјалниот ФБ профил на Градоначалникот на Општина Виница, Миле Петков денеска соопштија дека започнале со градежните активности за проектот Дорегулација на Градечка река. Со овој проект предвидено е да се дорегулира речното корито на Градечка река и тоа мајор коритото во должина од 293 метри и минор коритото во должина од 693 метри. Финансиските средства за овој проект се обезбедени од Владата на Република Македонија по претходна апликација на општината на јавниот повик објавен од Министерството за локална самоуправа.