Слога 1934 е друга конкуренција! Слога 1934 vs Хоризонт Турново 15:0!

Екипата на Слога 1934 дефинитивно е за повисок ранг натпреварување! Во рамки на 13-то коло од Третата Македонска лига-Исток во неделата Слога 1934 го декласираше Хоризонт од Турново со невереојатни 15:0, постигнувајќи ја со сигурност една од највисоките победи, ако не и највисока победа во еден првенствен натпревар. Голеадата на Градскиот стадион во Виница беше најавена уште во првото полувреме кое виничкиот третолигаш го доби со 6:0. Стрелци на головите во првото полувреме беа Христовски, Крстевски, Петковски на три пати и Настевски. Во второто полувреме виничката публика виде уште неверојатни 9 гола во мрежата на Хоризонт. Стрелци на головите беа повторно Настевски овој пат со два гола, Амедов постигна хет-трик, а Горгиев и Воинов стрелаа по два пати. На првенствената табела Слога 1934 е убедливо прва со освоени 36 бодови од 13 натпревари.