Лука Змејковски го освои и Сараево!

Лука Змејковски освои уште еден Европски куп! Овој пат доминираше на ВАКО Европскиот куп „Гран при Сараево 2025“ кој се одржа од 3 до 6 април. Кикбоксерот на „Лидер“ немаше конкуренција во категоријата лоу кик апсолутна +81 кг. Во полуфиналето го совлада противникот од Босна и Херцеговина, а во финалето беше убедливо подобар од натпреварувачот од Молдавија. Со освојувањето на овој Европски куп, Лука го задржа и првото место на светската ВАКО кикбокс листа. „Оваа титула ја посветувам на моите другари и другарки кои загинаа во пожарот во Кочани“-напиша Лука на ФБ.