Најважниот натпревар во сезоната Слога 1934 го игра утре во Скопје на стадионот „Петар Милошевски“

Прваците на Трета лига-Исток, Слога 1934 го доби противникот во бараж дуелот за Втора лига, тоа е шампионот на Трета лига-Југозапад, екипата на Преспа од Ресен. Ждребот можеби беше поволен, бидејќи се избегна силната Шкендија од Арачиново и соседот и второлигаш Осогово од Кочани, но фудбалерите и управата не треба да влезат со потценување на противникот, сепак се работи за шампион на една од петте трети лиги. Ќе се игра само еден натпревар на неутрален терен и доколку натпреварот заврши нерешено после 90-те минути, натпреварот продолжува во продолженија од два пати по 15 минути и на крај можат и пеналите да го решат патникот во Втора лига, доколку и по продолженијата резултатот остане нерешен. Натпреварот е закажан за оваа сабота од 17:00 часот на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје.