Доминација и во баражот, Слога 1934 е второлигаш!

Екипата на Слога 1934 успешно ја мина и последната пречка за влез во втора лига, бараж дуелот со шампионот на трета лига-југозапад екипата на ФК Преспа од Ресен. Натпреварот кој се одигра во саботата на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје беше решен уште во првото полувреме, кое Слога 1934 го доби со убедливи 3:0 со што го направи неинтересен вториот дел од натпреварот. Стрелци на головите за Слога 1934 беа Стојанов на самиот старт од натпреварот, Петковски и Христовски, чиишто голови во првото полувреме беа практично и конечниот резултат на натпреварот. Со овој натпревар заврши успешната сезона за Слога 1934, која на доминантен начин обезбеди втора лига за сезоната 2025/26.