Промена на уличните светилки во Ромско маало со нови лед улични светилки со поголема енергетска ефикасност

Од Општина Виница информираа дека од страна на Владата на Република Македонија им е одобрен проектот Промена на постоечки улични светилки во Ромско маало-Виница со улични светилки со поголема енергетска ефикасност и поставување на лед светилки во вредност од 850.640.00 денари. Овој проект ќе биде финансиран преку Министерството за транспорт, Потпрограма 11-Поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.