Две победи на Слога 1934 за два чекори напред кон првата цел бараж за втора лига

Екипата на Слога 1934 во сабота и понеделник одигра уште два натпревари од лигашкиот дел во Третата Македонска Лига со кои ја зацрвсти својата позиција на челното место на табелата. Во сабота на стадионот „Младост“ во Струмица декласирана беше екипата на Тиверија со убедливи 0:7. Првото полувреме во Струмица заврши 0:3 со головите на Петковски, Настевски и Горгиев, за да во второто полувреме во мрежата на домаќинот завршат уште четири топки, во листата на стрелци се запишаа уште еднаш Горгиев, Љамчевски, Илиев и Исљам. Во понеделникот во рамките на 12-то коло од Третата Македонска Лига на градскиот стадион во Виница беше совладана екипата на Брегалница од Делчево со резултат 2:0 (1:0), стрелци на головите беа Петковски и Стојанов.